Ставрески очекува турски компании да почнат бизнис во Македонија

Од:

Турција и Македонија немаат отворени парашања. Тие се две пријателски земји кои и во иднина ќе имаат исклучително добри стратешки политички и економски односи, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој престојува во Турција каде учествува на пролетните средби на Европската банка за обнова и развој. Смета дека има добри можности за зголемување на инвестициите од Турција.

– Република Турција и Република Македонија имаат долгодишни пријателски односи на политички и на економски план. Тоа се две земји кои имаат добра соработка би рекол повеќе на политички, отколку на економски план и очекувам во иднина економската соработка да се продлабочува. Во секој случај на највисоко ниво, вклучително преку посети на премиерите на двете земји, претседателите и нивни средби, како и на сите други нивоа во изминатиот период, во многу наврати е искажана поддршката во напорите на едната или другата земја за остварување на надворешно политичките и на другите цели, изјави министерот Ставрески.

Тој потенцира дека Македонија нуди доста поволности за инвеститорите од Турција во делот на даночната клима, ниски даноци, дополнителни даночни поволности за инвестирање во слободните економски зони, квалификувана работна сила, можност за работа и соработка во делот на различни сектори.

Министерот Ставрески очекува голем дел од турските инвеститори што се запознати со поволностите за инвестирање во Македонија, преку економските презентации што ги прави Владата, да дојдат и да почнат бизнис во Македонија.

Од аспект од секторите во кој што најголема е соработката и најголеми шанси има да се реализираат инвестиции Ставрески ги посочи градежништвото, односно изградбата на недвижности, медицината, земјоделството, текстилот, производствените дејности и секој друг сектор каде што инвеститорите ќе оценат дека се добри условите за водење бизнис.

Потребата од подобрувањето на бизнис климата во земјите во транзиција, како што рече министерот Ставрески, била посочена и на Собранието на ЕБОР. Тој потенцира дека Македонија веќе го подобри рангирањето на листата на Дуинг бизнис од 94. во 2006 година на 23 место, ги задржа ниските даноци и слично.

Годишното собрание на ЕБОР во Истанбул оваа година е посветено на растот, односно како да се поттикне економскиот раст. Посочи дека политиките што ги предлага ЕБОР за подобрување на бизнис климата Македонија ги спроведува со години.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал