Ставрески: Нови владини мерки за поддршка на ликвидноста на стопанството

Од:

Отпис на долгови по однос на обврски од пензиско и од здравствно осигурување заради поддршка на ликвидноста во стопанството и надминување на последиците од светската економска криза, е целта на новите мерки што ги донесе Владата.

– Со мерките што се предлагаат ќе им излеземе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување, соопшти нан денешната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Со два нови предлог закони, едниот за пензиско и другиот за здравствено осигурување, се овозможува на фирмите за сиот настанат долг по основ на придонеси за пензиско осигурување заклучно со 1.1.2009 година, да се отпишат каматите доколку во рок од шест месеци од денот на поднесување на баањето фирмата ја плати главницата на заостанатиот долг.

Исто така се овозможува да се отпишат каматите за долгови по различни видови на придонеси кои настанале во периодот од почетокот на 2009 до крајот на 2012 година. Ако основниот долг за придонесите се плати во рок од шест месеци се овозможува да се изврши 100 процентно отпишување на каматата, ако долгот се отплати за период меѓу шест и 12 месеци ќе се отпише 75 проценти од каматата, а ако долгот се отплати во период од 12-18 месеци ќе се отпишат 50 проценти од каматата, појасни министерот Ставрески.

Третата мерка, како што посочи, се однесува само на долгот за здравственото осигурување кој настанал до 2009 година. Имено, ако фирмата во наредните три години заклучно со крајот на 2015 година, редовно ги исплаќа тековните обврски по основ на придонес за здравствено осигурување, после три години ќе и бидат отпишани сите заостанатите обврски-основниот долг и каматата.

Барања за отпис на овие долгови фирмите ќе можат да поднесуваат по стапувањето во сила на законите, а во меѓувреме ќе се направат финалните пресметки за тоа кокав е нивниот долг. Се проценува дека вредноста на каматите кај долгот по основ на пензиско осигурување изнесува 40 проценти од долгот.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов