Ставрески: Македонија претставена во позитивно светло

Од:

Земјите од Југоисточна Европа и Република Македонија силно ги чувствуваат последиците од економската криза.

Во таа насока го искористив овој Самит за презентација на економските состојби во Македонија каде имаме некои позитивни работи и дека во некои сегменти од економијата стоиме многу подобро од другите земји.

Македонија има ниско ниво на долгот и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски по завршувањето на Самитот во Брисел под наслов “Напредок на Балканот: Битка за справување со влијанието од кризата”.

На Самитот, се дискутираше за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, преземање на цврсти мерки за стимулирање на деловното опкружување, како и за енергетската ефикасност како клуч на посеопфатен напредок.

Според вицепремиерот Ставревски, овој Самит е на највисоко ниво и е најзначаен за Европската унија и земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Република Македонија, со цел со Унијата и останатите земји од регионот низ разговор да се види како сите заедно да се справиме со предизвиците на економската криза.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он