Ставрески: Македонија има стабилни макроекономски перформанси и ќе може да го сервисира долгот

Од:

Македонија е една од земјите со стабилни макроекономски перформанси и во иднина ќе може соодветно да го сервисира својот долг и сите други обврски.

Ова е оценката на ММФ чии претставници во изминатите десет дена се сретнаа со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со гувернерот Димитар Богов и со бизнисмените.

Како што изјави денеска Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање пред одбележувањето 21. година постоење Царинска управа, согласно досегашните разговори со ММФ, нема никакви изненадувања и проблеми.

– Констатациите се дека Македонија е една од земјите што имаат стабилни макроекономски перформанси и како таква и во иднина ќе може соодветно да го сервисира својот долг и сите дргуги обврски, рече министерот, додавајќи дека е задоволен од досегашниот тек на мисијата.

За вторник е закажан завршниот состанок по кој ќе се одржи и средба со новинарите на која шефот на мисијата на ММФ ќе ги изнесе своите оценки.

Актуелната мисија на ММФ е една од редовните за оценка на макроекономските политики и одржливоста на нивото на долгот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана