Ставрески: Ќе ги санираме сите свлечишта низ Македонија

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска најави дека Владата ќе ги санира сите свлечишта низ државата со што ќе се надминат потенцијалните проблеми при влошени временски услови.

При посетата на Кратово Ставрески укажа дека веднаш по информацијата за свлечишттео во овој град, Владата на итна седница одлучила да се испрати екипа од Јавното претпријатие за државни патишта, Градежниот факултет и фирми кои можат да излезат во пресрет. Во првите неколку дена, појасни, се преземаа зафати за да се спречи натамашното лизгање на земјиштето и денеска веќе може да се види дека е надмината таа фаза.

– Добро е што имаме првични резултати, меѓутоа во следната фаза е потребна целосна санација за да се направи свлечилиштето. Жителите на Кратово можат да бидат сигурни дека Владата ќе им излезе целосно во пресрет и оти ќе се преземат сите мерки за целосна санација на ова свлечиште. На тој начин еднаш засекогаш да се реши прашањето за ова потенцијално свлечиште за оние кои го користат патот од Кратово до Пробиштип, изјави Ставрески.

Владата, како што рече, презела активности за санациски зафати на уште 6-7 други места во државата, како на пример во Маврово-Ростоше. – Со проектот на Светска банка 6-7 свлечилишта ќе бидат санирани. На тој начин ќе биде помогнато да се надминат потенцијалните проблеми кои постојат кога има влошени временски услови, посочи вицепремерот Ставрески.

Посетата на Кратово најави дека ќе ја искористат за средба со градоначалникот и пратеникот од овој град, сите кои се надлежни за решавање на инфраструктурните и останатите проблеми на кратовската општина.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов