Ставрески: Договорот за приклучување на Македонија во Јужен тек ќе го потпишеме во јуни

Од:

Владата го усвои финалниот текст на Договорот со Руската Федерација за изградба на гасоводниот крак од Јужен тек кон Република Македонија.

Финалниот текст, за кој е добиена потврда од руска страна дека се согласува, е усвоен на последната владина седница. Во моментов се утврдува датумот на потпишување на договорот, но се очекува да биде во јуни во Санк Петербург.

– Поврзувањето со меѓународниот коридор за пренос на гас Јужен тек, за Македонија обезбедува многукратни придобивки. Со Договорот е предвидено да се обезбедат дополнителни количини природен гас, што ќе значат стабилна енергетска иднина на нашата земја. Влегувањето на Македонија во овој проект значи дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со гас на сите стопански капацитети, како и за домаќинствата, при што може да се очекува и намалување на цената на гасот.

– Ќе се задоволат целокупните потреби за гас во земјата, како за нови стопански и енергетски капацитети, нови електрани, така и за гасоводната мрежа до сите градови. Проценката е дека до 2030 година потребните количини на гас кои ќе се обезбедуваат би изнесувале 2,5 милијарди кубни метри. Оператор на гасоводот во Македонија ќе биде мешовито македонско-руско друштво, кое со Договорот е предвидено да биде со еднакво учество од по 50 проценти, вели вицепремиерот во интервју за МИА.

Изградбата на гасоводот во Русија почна минатата година и гасот кон Централна и Јужна Европа треба да протече во 2015 година. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 отсто од вкупните потреби на Европа.

Во интервјуто вицепремиерот говори и за странските директни инвестиции, даночната политика, проектот „Купи куќа, купи стан“, како и за враќањето на македонското сонце на фискалните сметки.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов