Стартуваше новата авиолинија Скопје – Женева

Од:

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнево во 15.05 часот беше пречекан првиот лет на ИзиЏет од Женева, со што нискобуџетната авиокомпанија го означи почетокот со операции на македонскиот пазар. Во текот на зимскиот ред на летање, од денеска до 25 март следната година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок.

– Македонскиот главен град ќе биде поврзан со швајцарскиот град три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок, од денес, 1 ноември, во текот на целата зимска сезона. Нискобуџетната авиокомпанија ќе сообраќа до Меѓународниот аеродром Скопје првпат, а авиокомпанијата донесе одлука да почне со летови сега и покрај глобалната криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и покрај фактот дека во многу земји сè уште има рестрикции за патување со авион, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Женева ќе биде третата дестинација во Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има авионска конекција, по Цирих и Базел.

Веруваме, потенцираше Батак, дека оваа авиолинија има огромен потенцијал и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се развива во следниот период. Новата авиолинија, посочи тој, ќе им овозможи на патниците од државава и од Швајцарија да ги посетат своите семејства и пријателите или пак да патуваат како туристи и да ги откриваат убавините на двата града.

Генералниот директор на ТАВ Македонија рече дека постојано работат да убедат нови авиокомпании да почнат да сообраќаат од државава.

Тој укажа дека на двата македонски аеродрома во услови на ковид пандемијата ги гледаат првите знаци на закрепнување споредено со шокот во 2020 година кога имаше прекини во авиосообраќајот.

– Во изминатите десет месеци имаме пораст од 66 проценти кај патничкииот сообраќај во однос на истиот период од 2020, но тоа е само 50 проценти од сообраќајот во 2019-та година која ја сметаме за рефернтна, рече Батак, порачувајќи дека за натамошна нормализација на состојбите во авиосообраќајот на глобално ниво мора да се договорат заеднички стандарди помеѓу аеродромите, авиокомпаниите и воздухопловните власти.

Би можело да ве интересира

„ИзиЏет“ ќе ја прекине авиолинијата меѓу Женева и Скопје

Горан Наумовски

Слета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт на скопскиот аеродром

Ана Ололовска

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, стартува новата авиолинија Скопје-Франкфурт

Ана Ололовска

Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии

Ана Ололовска

Пијан полицаец во Женева пукал и ранил колега

Пораст на патничкиот авиосообраќај во деветте месеци на 2022

Ана Ололовска