Стартуваше јавниот повик за мерката годишен одмор за работници со ниски примања

Од:

Денеска стартуваше јавниот повик за користење на годишен одмор за работници со ниски примања и ќе трае до 29. септември. На повикот може да се пријават работници чии примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22 илјади денари и тие ќе може да искористат субвенции од 15 илјади денари за петдневен одмор во некој од туристичките центри во земјава.

Министерството за економија за оваа мерка обезбеди 60 милиони денари за споменатата категорија работници, со кои 4000 семејства ќе бидат субвенционирани во вредност од по 15 илјади денари, поточно ќе им биде издадена Потврда за користење на средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во споменатата вредност, која ќе се користи во еден од категоризираните угостителски објекти за сместување во Република Македонија кои ќе се пријават во Министерството за економија.

Министерот Бектеши гледа две важни цели во оваа мерка креирана во полза на граѓаните: првата е, по принципот „парите кај граѓаните“ да им се помогне на семејствата на работниците со ниски примања да го искористат правото на годишен одмор, а во исто време да им се обезбеди поддршка на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

За учество по Јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават:
Пополнет образец на барање (готов формулар кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);
Потврда од работодавецот за висината на исплатена нето плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето како и на членовите на семејството (сопруг, сопруга и деца) кои заедно со него ќе го користат одморот;
Фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и
Изјава дека барателот лично или со членовите на семејството кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар).

Право за добивање на Потврда за одмор имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари. Притоа, едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор, а потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Барањето треба да се достави до архивата на Министерството за економија лично или преку пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 Скопје, а Листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација се објавува на веб страната на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал