Стартува владиниот проект за вработување 1.600 лица од ранливи категории

Од:

Почна реализацијата на владиниот проект за вработување лица од социјално ранливи категории во јавниот сектор. Денеска е објавен огласот за вработување 1.600 лица во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, на кој сите кои припаѓаат во овие категории имаат еднакви можности и шанси за вработување.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информира дека огласот трае до 22 јуни годинава и дека на него може да се јават сите лица кои ги исполнуваат условите, односно долгорочно невработени лица со над 10 години, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства, невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.

– Владата има изразена политичка волја дека на овој оглас сите лица кои ги исполнуваат критериумите се добродојдени, сите имаат еднакви шанси и можности. Нема да постои дистинкција по ниту еден основ, а секој обид за лобирање и протекционизам ќе се смета за негативно, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека нивната желба за вработување и интенција ќе се реализира така што тие треба да аплицираат и тоа не само за местата што постојат во систематизацијата на Македонски шуми, туку и врз основа на своите перформанси и за вработување во оснанатите државни институции, бидејќи откако сите лица ќе бидат вработени во Јавното претпријатие, врз основа на искажани потреби од други државни институции лицата ќе бидат повлекувани во нив.

Како што додаде, досега имаат добиено податоци од институциите за потреба од ангажирање дактилографи, стенографи, чувари, обезбедувачи на објекти, курири, доставувачи на пратки,  советнички, соработнички места и слично.

Сите лица, појасни Ѓорѓиев,  може да аплицираат и во соодветна процедура ќе бидат повлекувани во други институции.

Во претпријатието постои програма и систематизација за прием на овие лица, а обезбедени се и средства за покривање на нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов