Стан сред зеленило од 11 илјади квадрати

Од:

Главниот град ќе добие парк од 11 илјади квадратни метри во строгиот центар. Толку изнесува планираната зелена површина во рамки на мултифункционалниот мега комплекс „Diamond of Skopje“ кој интензивно се гради кај старата железничка станица. Со ова Скопјани добиваат втор по големина зелен појас, по Градскиот парк, во кој ќе може да спортуваат и да се рекреираат. Покрај патеките за трчање, тој ќе нуди и урбана опрема за игра и рекреација на најмладите.

Инаку, „Diamond of Skopje“ зафаќа вкупна површина од 45.000 квадратни метри, на кои, покрај зелениот појас се поместени „Limak Skopje Luxury Hotel“ со 5 ѕвезди, чие отворање се очекува наскоро, голем ексклузивен трговски центар и резиденцијален комплекс од четири станбени згради. Становите во нив се со различна големина, од 42 до 105 м², и со модерен модуларен дизајн, што овозможува комбинирање еднособен и трособен стан за поголема удобност. Според менаџерите на проектот над 30% од станбените единици се веќе купени.

Вредноста на „Diamond of Skopje“ е околу 250 милиони евра, а финансиската конструкција е затворена преку реномирани европски и регионални банкарски институции.

Инвеститор на проектот е турската групација Лимак која вработува над 60.000 лица во интернационални проекти во различни области – градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на Лимак спаѓаат и светски познати мега проекти, како што е новиот аеродром во Истанбул, мостот Чанак кале 1915 и новиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт чија вредност е 4,3 милијарди долари и претставува најголемиот договор што е доделен на странска градежна компанија во оваа земја. Во моментов Лимак е ангажиран на проекти во повеќе земји од светот со вкупна вредност од над 10 милијарди долари. Оваа година компанијата е рангирана на 61 место на листата од 250 најдобри градежни компании во светот, што е искачување за шест места во однос на минатогодишното рангирање што го прави ЕНР – Engineering News Records.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он