ССМ следната недела ќе расправа за најавеното зголемување на платите во одредени сектори

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека во текот на следната недела ќе го разгледа и ќе донесе став во врска со најавеното зголемување на платите во образованието, здравството и одбраната предвидено со Предлог-буџетот за 2018 година.

– ССМ исто така апелира и ја охрабрува Владата на Република Македонија и министерот за финансии Драган Тевдовски во наредниот период да почне со зајакнување на социјалниот дијалог со синдикатите, како полесно би се надминале одредени состојби и би се створиле услови за покачување на платите во останатите сектори, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра