ССМ: Минималната синдикална кошница во мај 49.025 денари

Од:

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9 денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари.

-Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари, прецизираат од ССМ.

Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.

Би можело да ве интересира

ССМ бара да се намали разликата во плати меѓу функционерите и вработените во јавниот сектор

ССМ: Без плата вработените во „Печатница“ која треба да ги печати учебниците и „Службен весник“

Горан Наумовски

Синдикалната минимална кошница за август 49.345 денари

Горан Наумовски

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

Трендафилов: Министерката за труд да стави потпис на решението за нов претседател на ССМ

Покачување од 12,55 отсто на платите во јавниот сектор: Синдикатите и Владата блиску до договор

Орце Костов