ССК: Структурните економски реформи да бидат национален приоритет

Од:

Економијата и спроведувањето на неопходните структурни економски реформи во земјата кои се препорака од Европската Унија да бидат национален приоритет и да постои утврдена стратегија која ќе се применува долгорочно, што би влијаело на подобрување на стабилноста и зголемување на правната сигурност во земјата, порачале на денешниот состанок од претседателството на Сојузот на стопански комори (ССК) на Македонија на средбата со делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицковки, соопшти ССК.

Претседателката на ССК Данела Арсовска ја истакнала важноста од развојот на малите и средни претпријатија како двигател на економијата во услови на предвидлив деловен амбиент и политичка стабилност, преку обезбедување на владеење на правото, како предуслов за остварување одржлив економскиот развој. Порачала, како што стои во соопштението, дека некои прашања како економската благосостојба во земјата треба да имаат приоритет пред останатите интересни групи, за економски поразвиена Македонија со цел подобар животен стандард.

Според Арсовска, повисок економски раст може да се постигне единствено со целисходна национална стратегија за развој на приватниот сектор, а во соработка со сите чинители во општеството, владини институции, невладиниот сектор, академската заедница, деловните организации.

– Сите политички чинители неопходно е континуирано да ги поддржуваат предложените мерки на деловната заедницата, особено за измени во легислативата кои се клучни за економскиот раст. На деловната заедницата и е потребен стабилен политички амбиент како би можеле да се релизираат предвидените инвестициски проекти со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност, изјавила Арсовска и додала дека за стопанството најголем проблем е сивата економија, а веднаш потоа брзата промена на легислативата.

На состанокот се дикустирало за активностите на Сојузот, состојбата во економијата по сектори и предизвиците со кои компаниите се соочуваат во работењето, а била истакната и важноста на приватниот сектор како двигател на економскиот раст кој генерира најголем број вработувања во земјата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?