ССК потпиша Меморандум за соработка со Македонско Словачко Чешка стопанска комора

Од:

Поддржување и развој на бизнис соработката помеѓу Република Македонија, Република Словачка и Република Чешка е цел на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Македонско Словачко Чешка стопанска комора.

Во рамки на официјалната средба во Сојуз на стопански комори на Македонија на која се потпиша Меморандум за соработка помеѓу ССК и Македонско Словачко Чешка стопанска комора предводена од претседателот г-ѓа Јана Маричакова, се разговараше за идна поинтензивна економска соработка помеѓу компаниите во државите, како и меѓусебна промоција во истите.

Во фокусот на средбата беа можностите за развој на взаемните бизниси на Словачка и Чешка со Македонија, промоција на Балканскиот регион, туристичките можности кои ги нуди истиот, како и учество на меѓународни саеми и настани со цел поттик за компаниите членови на организациите да се претстават на европскиот пазар. Исто така, се разговараше се потенцијални инвестиции на Чешка и Словачка во Македонија, како и соработката на трите држави во повеќе сектори како на пример: прехрамбениот и преработувачкиот сектор, ИТ, градежниот сектор, туризам и трансфер на технологии.
Република Чешка претставува значаен трговски партнер на Република Македонија, односно во 2015 година извозот е 26 394 947 евра а увозот е 69 803 546, додека пак во првите четири месеци од 2016 година, извозот е 9 727 050 евра, а увозот 28 253 538. Во делот на туризмот, постои потенцијал за посета на значителен број на туристи од Чешка и Словачка во Македонија.

Имено, Словачка како соседна држава на Чешка остварува помала трговска размена со Македонија во споредба со Чешка. Според податоците на државниот завод за статистика, во 2015 година, извозот изнесува 60 585 926 евра, додека увозот е 40 277 530 евра, а со тоа Македонија остварува трговски суфицит во 2015 година. Во првите четири месеци од 2016 година, извозот изнесува 17 931 517 евра, а увозот 9 512 201 евра, со што продолжува трендот на трговски суфицит во трговската размена со Република Словачка.

Дополнително, на средбата се разговараше за поврзаноста на бизнис секторот во трите држави при што се разгледуваа дополнителни можности за соработка и позитивни примери за спроведување на истата, како и за потенцијални инвестиции во Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска