ССК: Неформалната економија најголем проблем во сите сектори

Од:

Сузбивање на неформалната економија во Македонија која изнесува над 30 проценти е главниот предизвик за обезбедување поволен деловен амбиент за малите и средни претпријатија кои се стожер на македонската економија и сочинуваат 99,7% од сите компании во земјата со учество од 70% во БДП како и законската регулатива во функција на инвестициите се главните точки кои претседателот на Сојузот Данела Арсовска и членовите на Управниот одбор ги дискутираа со министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

На средбата беше истакнато дека според анализите на Сојузот, транспорт, градежништвото, туризмот, угостителството, услужните дејности, потоа земјоделството, се гранките каде што е најмногу застапена. Поточно, заеднички најголем предизвик за сите регистираните македонски компании без разлика на секторот е токму неформалната економија, која претставува директна нелојална конкуренција на регистрираните и го поткопува развојот на стопанството во Република Македонија.

„Потребно е да се овозможи функционален механизам за справување со сивата економија, бидејќи таа не придонесува во буџетот и дополнително ги дестимулира компаниите да инвестираат со тоа што ги руши основите на еднаквост врз кои се темели еден пазарен систем. Еден од основните предуслови за обезбедување на одржлив и континуиран економски раст, повисок животен стандард и поволно деловно окружување е да се обезбедат еднакви услови за сите учесници на пазарот, како и да се спречат нелегалните текови на пари. Неформалната економија бележи раст секоја година и доколку не се отпочне со сериозна акција за нејзино сузбивање финално ке предизвика и дерегистрирање на оние претпријатија кои работат на пазарот и нивно преминување во сивата зона“, изјави Арсовска и додаде дека сузбивањетона неформалната економија претставува клучен чекор во воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување, рамноправни услови за работа и здрава конкуренција.

Анализите на Светска банка покажуваат дека учеството на компаниите кои се борат против нерегистрираните или неформални компании во Македонија е 55, 5% или најмногу во регионот пред Црна Гора со 52,4%, Хрватска со 48,2 %, Албанија со 40,2, Србија со 37, 5 % и Словенија со 26,5 %.

Министерот Шапуриќ ја истакна отвореноста за соработка за сите прашања на кои укажаа членовите на УО на Сојузот и укажа на партнерски однос на Сојузот со инспекциските служби со цел конкретно лоцирање и укажување на нерегистрираните субјекти во земјава.

На средбата се дискутираше и за можностите за подобрување на законската регулатива, како и креирање на нови закони како Законското регулирање на ангел инвестирите и создавање поволен амбиент за нивен влез, а со тоа и свеж капитал за компаниите.

Околу 70 % од МСП се застапени во клучните сектори производство, градежништво, туризам, трговија. Микро, малите и средни претпријатија играат централна улога во Европската заедница. Потврда за нивното значење во една економија е фактот што во Европската унија, од 28 земји членки, околу 23 милиони мали и средни претпријатија обезбедуваат околу 75 милиони работни места и претставуваат 99% од вкупните претпријатија.

Во земјите, во САД и ЕУ се проценува дека малите и средни претпријатија имаат придонес повеќе од 60 проценти во вработувањето, од 40 до 60 проценти во БДП и од 30 до 60 проценти на извозот.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска