Средби на Азески на конференцијата „Балканот и ЕУ“ во Будва

Од:

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со делегација на македонски стопанственици, денеска и утре, во Будва, Црна Гора, учествува на конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, организирана од Стопанската комора на Црна Гора.

Азески, како што Стопанската комора на Македонија, на маргините на форумот остварил средба со Себастијан Курц, канцелар на Република Австрија, кој ја изразил својата поддршка за активностите на Коморскиот инвестициски форум во насока на унапредување на регионалната економска соработка. Азески се сретнал и со претседателот и со премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Душко Марковиќ, со Иван Брајовиќ, претседател на црногорското Собрание, со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, со српскиот вицепремиер Расим Љајиќ, како и со претставници на повеќе меѓународни институции и бројни стопанственици од регионот.

Централна тема на конференцијата се економските аспекти на Берлинскиот процес, резултатите кои досега се остварени во рамки на овој процес, визиите за иднината на Балканот и текот на реформските процеси коишто треба да овозможат побрзо интегрирање на регионот во Европската унија, понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор и олеснување на регионалната мобилност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“