Средба со мајстор Фарук Шабан посветена на папучарскиот занает во Старата скопска чаршија меѓу љубителите на уметноста и старите занаети организира денеска Институтот „Јунус Емре“.
Ова е втора средба во рамки на проектот „Од Мајсторот до Чиракот“, кој има за цел повторно заживување на веќе заборавените традиционални занаети кои се во исчезнување.