Занаетчиите и институциите ќе соработуваат во борбата против сивата економија во занаетчиството

Од:

Занаетчиска комора Скопје, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, и проектот на УСАИД за модернизација на инспкциските служби одржа тркалезна маса на тема „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“. На тркалезната маса беа донесени заеднички заклучоци и предлог мерки од страна на занаетчиите и инспекциските служби кои ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе придонесат за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор.

dobivaj vesti na viber

Во неговиот говор пред присутните, Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, истакна дека сивата економија, влијае негативно на занаетчиството.

Сивата економија создава незадоволство во занаетчискиот сектор затоа што нелегалните бизниси брзо растат и дејствуваат без никакви давачки, делуваат слободно без никакви контроли и надзори, и претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните занаетчии

Свое излагање на тркалезната маса имаа инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, кои ги истакнаа надлежностите во однос на инспекцискиот надзор.

На тркалезната маса свое излагање во панел дискусија имаа и занаетчии претставници од секциитe кои делуваат во Занаетчиска комора Скопје и тоа: фризери, козметичари, пекари, слаткари,металци, автомеханичари, оптичари, креативни занаети, златари, каменоресци, поправка на компјутери, градежници, електромеханичари, сервисери на електрика, фотографи, чевлари и столари кои ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат.

Дискусијата помеѓу занаетчиите и инспекторатите која следуваше после официјалните излагање, отвори неколку горливи теми кој го мачат занаечискиот сектор. Првин, занаетчиите беа согласни дека се во загуба поради сивиот сектор, нивните колеги кои работат на „црно” ги спуштаат пазарните цените и ја превземаат работната сила. Дополнително, занаетчиите побараа од инспекторатите да се изменат дел од механизмите со кој се имплементира легислативата, да се подобрат инспекторските служби и да се зголемат нивните надлежности. Последно, занаечиите се пожалија дека времето за подобрување на секторот полека одминува и доколку не се направат сериозни мерки за справување со сивата економија, дури и легално регистрираните бизниси ќе бидат приморани да се префрлат во сивиот сектор за да бидат конкурентни.

Од тркалезната маса произлегоа следните заклучоци:

1.Координирано делување на инспекциските служби со поддршка и асистенција на МВР за спречување на сивата економија

2. Примена на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност и давање на надлежност и на даночниот инспекторат во спречување на сивата економија

3.Развивање систем на поддршка за регистрација на неформални бизниси со советување на отпочнување на на занаетчиски бизнис преку едношалтерски систем пропишан со Законот за занаетчиство преку ваучерски систем.

4. Кампања за подигнување на свеста кај институциите и граѓаните за спречување на сивата економија и последиците кои ги предизвикува ( тие работат паричните средства ги ставаат во својот џеп и не даваат никаков допринос за општествената заедница а ги користат сите благодети патишта и друга инфраструктура, здравствено, социјално осигурување, образование

5. Воведување на мерки за финансиска поддршка на легалниот бизнис и старт ап бизниси.

6. Ангажирање на локалната самоуправа да предвидува мерки за подршка на занаетчиството и отпочнување на нови бизниси со воведување на финансиски мерки за стимулирање на отпочнување на нови бизниси и финансиска поддршка на постојните, намалување на комунална такса, одобрување на локации за градба , суфинансирање на одредени дефицитарни занаети во руралните средини (единствен позитивен пример е општина Г.Б. која го поддржува занаетчиство)

7. Измена и дополнување во Законот за занаетчиство и можност за регистрација на дополнителна дејност од 4 часа која ќе биде поволност на сите кои што се вработени и вршат нерегистрирана доплнителна дејност .

8. Измена на Законот за данокот на личен доход и можност да се добие паушално оданочување со 1 или 2 вработени и зголемување на бтројот на паушално одданочени занаетчии со што ќе им се намалат административните обврски , а ќе создадеме услови за формализација на нерегистрираните вршители на занаетчиска дејност.

9. Воведување на идентификациони картички за занаетчиска дозвола на регистирани бизниси за препознавање од сивата економија од страна на граѓаните.

10. Детална анализа на оправданоста и укинување на нефискални трошоци за занаетчиите (елаборати за заштита на животната средина, такси за фирма, означување на храна,хасап систем) со што ќе се растерети занаетчиството од админисративни обврски и финансиски трошоци.

11. Измена на Законот за данок на додадена вредност и зголемување на прагот за ДДВ од 16 000 евра на 35 000 евра како во најголем број земји од нашето опкружување, Бугарија, Грција, Словенија.

12. Намалување на казните за легалниот бизнис и најава на инспекциски контроли со листа што што треба да се контролира (едукативен пристап на инспекциските служби ).

13. Во законот за прекршоци и во сите други закони каде се предвидени прекршоци и глоби да се пропише посебна одредба за занаетчиите кои имаат правен статус на физичко лице кое врши дејност и се разликува од правно лице ДОО, ДООЕЛ и трговец поединец.

14.Имплементација на Стратешки документи и акциски план за спречување на сивата економија

15.Намалување на обврските на занаетчиите преку укинување или намалување на обврските предвидени со законските прописи

16. Набавка на репроматеријали за легално регистрираните бизниси со намалена стапка на ДДВ за разлика од граѓаните кои вршат нерегистрирана дејност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

Ана Ололовска

Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за зелена економија и намалување на сивата економија

А1он

Првпат по 55 години доделени мајсторски дипломи за занаетчиите

Ана Ололовска

Проект за зголемување на конкуретноста во занаетчиството

Ана Ололовска

Средба со мајстор Фарук Шабан во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска

Изложба посветена на занаетчиството во Кавадарци

Ана Ололовска