Во Министерството за земјоделство денеска ќе се одржи состанок со претставници од повеќе земјоделски здруженија.
На состанокот, како што е најавено, ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а ќе се разговара за повеќе прашања од областа на земјоделството.