Министерот за змјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе одржи работен состанок со претставници на поголемите винарски визби во земјава.
На состанокот ќе стане збор за актуелните состојби во лозарството, откупот и исплатата на грозјето.
Завчера, министерот Цветков имаше средба со претставници на здружението „Агротиквешија“ кои посочија дека поради неповолните климатски услови годинашниот род ќе биде преполовен. Производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани. Според нив, 13 денари за килограм смедеревка и 15 за вранец би била реална.
Министерот порача дека Законот за винарство мора да се почитува. Винариите, доколку сакаат да се вклучат во откупот не смеат да имаат долгови кон лозарите.
Во Министерството за земјоделство деновиве ќе се одржи и заеднички состанок со земјоделските здруженија и винарниците.