Средба на министерот Бектеши со италијанскиот амбасадор Ромеро

Од:

Неодамна одржаниот Самит во Трст е добар исчекор во економското поврзување на земјите од Западен Балкан, оценија министерот за економија Крешник Бектеши и италијанскиот амбасадор Карло Ромеро на денешната средба во Скопје.

Двајцата, информираат од Кабинетот на Бектеши, изразија задоволство од произлезените заклучоци од Самитот, со кои Република Македонија доби неповратни 70 милиони евра од европските пари наменети за транспортно поврзување на Западен Балкан.

Министерот Бектеши истакна дека Италија е важен трговски партнер на Република Македонија, позиционирајќи се на петтото место во 2016 година на листата на најголеми трговски партнери, што претставува солидна основа за отврање нови можности и нејзино продлабочување со конкретни заеднички проекти.

Истакна дека зајакнувањето на соработката на полето на енергетиката, минералните суровини и туризмот ќе придонесе не само за зголемување на билатералната соработка, туку и за нови инвестиции и забрзан економски развој, а тоа ќе се постигне преку создавање поволна бизнис клима и за домашните и за странските инвеститори.

Италијанскиот амбасадор, пак, ја потенцираше поддршката што неговата земја ја дава на Македонија на нејзиниот пат кон евроатлантските интегративни процеси.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“