Средба на директорите на македонски и на грчки железници

Од:

Директорот на јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани во Атина се сретна со неговиот грчки колега Панајотис Теофанопулос.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за воспоставување на железничкиот сообраќај меѓу двете држави преку граничниот премин Битола-Кременица-Кафкасос на Коридорот 10.

Асани информираше за динамиката на реконструкцијата на пругата од македонска страна во должина од 16 километри што треба да започне годинава, а се очекува да заврши до крајот на идната година.

Од грчка страна, како што соопшти денеска Македонски железници – Инфраструктура, потврдена е определбата станицата Кафкасос да биде заедничка гранична станица, а изразена е и подготвеност Грчките железници со сопствени средства да ја реконструираат станичната зграда и сите дополнителни објекти за таа да може да функционира како станица на највисоко ниво.

Двајцата соговорници разговараа за зголемување на интензитетот на товарниот сообраќај по Коридорот 10 и ја поддржаа идејата следните чекори за заедничките точки за железничко поврзување да се остваруваат во присуство и на ресорните министерства.

Дадена е и поддршка за напорите што ги прави македонската страна околу изградбата на Коридорот 8, особено за последната делница Крива Паланка до бугарска граница, како и за сите проекти финансирани преку ИПА фондовите наменети за модернизација на Коридорот 10 и делот на проектирање и подготовка на техничката документација за Коридорот 8.

На состанокот станало збор и за меѓусебната размена на капацитетите во областа на телекомуникациите за што постои можност имајќи предвид дека на граничниот појас Гевгелија – Идомени има оптички кабел.

Посетата во Атина следува по првата  средба меѓу двајцата директори што по долгогодишна пауза беше остварена во Скопје на 17 јули минатата година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски