Србија ефикасно ги искористила ЕУ фондовите во периодот од 2007 до 2013 година

Од:

Србија и покрај некои пропусти, одговорно ги трошела средствата од претпристапните фондови на ЕУ, се наведува во денеска објавениот извештај на Европскиот ревизорски суд (ЕЦА), кој е најважно независно финансиско надзорно тело во Унијата.

ЕЦА утврди дека сумата од околу 1,2 милијарди евра, кои Србија ги добила од ЕУ во периодот меѓу 2007 и 2013 година, е ефикасно искористена со цел земјата да се подготви за членство во Унијата.

Судот додал дека Европската комисија, преку насочување на фондовите кон унапредување на јавната управа, воспоставување владеење на правото и спречување на корупцијата, успешно ги поставила приоритетите, што довело до постепено подобрување во овие сектори.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија