Според ММФ Народната банка покажува висока транспарентност

Од:

Народната банка спроведува напредни практики на транспарентност, се наведува во Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којшто ги сумира наодите од оцените на нивото на примената на принципите содржани во Кодексот на транспарентност на централните банки на ММФ. Народната банка беше втора од вкупно седум централни банки за кои ММФ во 2021 година направи оцена на практиките во однос на транспарентноста и отчетот во работењето инфромираат од НБРМ.

– Долгогодишната заложба за висока транспарентност е вградена во Законот за Народната банка и е поставена како стратегиска цел во рамките на мандатот на Народната банка, се наведува во Извештајот. Поради спроведувањето политика на висока транспарентност и достапност на информациите во однос на своето работење, Народната банка гарантира значителна доверба кај засегнатите страни и ја зацврстува својата автономија и ефикасност во спроведувањето на политиките. Извештајот на ММФ јасно утврдува дека сеопфатната рамка на транспарентност на Народната банка е добро воспоставена и ги опфаќа одлуките коишто се носат од аспект на монетарната политика, анализите и монетарните и девизните операции. Високата транспарентност се отсликува и преку навременоста и фреквенцијата на објавување на информациите. Во Извештајот, исто така, се наведува дека Народната банка направила значителна напори за подобрување на транспарентноста во делот на финансиска стабилност и се очекуваат дополнителни подобрувања на практиките на транспарентност со новиот Закон за финансиска стабилност. Во Извештајот се посочува и проширениот опфат на јавно достапни информации за внатрешната ревизија и рамката за управувањето со ризиците, како елементи коишто овозможуваат поставување интерни контролни механизми на претпазливост во Народната банка, што придонесува за соодветно носење на одлуките во рамките на надлежностите на централната банка. Кодексот на транспарентност на централните банки е сеопфатен збир на принципи и практики за транспарентност, коишто се препорачуваат од ММФ за примена од страна на централните банки. На тој начин, со Кодексот се овозможува централните банки да ги оценат и да ги унапредат своите практики во однос на отчетноста и да го зајакнат дијалогот со јавноста, заради појасно презентирање на начинот на којшто се носат одлуките и како се постигнуваат целите на централните банки, се наведува во соопштението од Надордна банка.

Би можело да ве интересира

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Раст и на депозитите и на кредитирањето, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбените кредити

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност