Спасовски со претставници на „Макам-транс“: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

Од:

Актуелни прашања за транспортната дејност во генералното функционирање и во услови на здравствено-економската криза, беа тема на денешната средба на премиерот Оливер Спасовски и министри од економскиот сектор со претставници на „Макам-транс“, Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва, предводени од генералниот секретар, Биљана Муратовска.

Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на транспортерите ги пренесоа искуствата и предизвиците за работата во услови на кризата, коишто се поврзани и со промените начини на функционирање во европските земји и во светот.

– Од страна на премиерот и на претставниците на Владата беа објаснети мерките што може да бидат од помош на работодавачите на превозните трговски друштва, како што се бескаматните кредити и мерката за 14.500 денари по вработен, како поддршка за фирмите погодени од кризата. На состанокот е констатирано дека последиците од кризата ги чувствуваат сите: граѓаните, фирмите, сите сектори во државата, како и дека во вакви услови е важна солидарноста од сите страни, со цел надминување на тие последици во претстојниот период, соопшти владината прес-служба за средбата на која премиерот Спасовски бил придружуван од вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши.
Разговарано е и за други тековни прашања во транспортната дејност, за што е договорено продолжување на соработката со формирање работни групи што ќе ги земат предвид ставовите на сите засегнати страни. На средбата е оценето дека решенија се носат со дијалог, за што, како што се наведува во соопштението, изразена е волја и од двете страни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра