Спасовски: Најниските пензии ќе се зголемат за најмалку 21 процент

Од:

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбата со пензионери во населбата Автокоманда, во скопската Општина Гази Баба, зборуваше за Програмата на СДСМ со којашто се предвидуваат нови покачувања на пензиите.

„Во нашата Програма за следните 4 години се обврзуваме дека по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти, односно минимална плата од 20.000 денари и раст на просечната плата до 30 проценти односно просечна плата до 34.000 денари, до крајот на мандатот. Бидејќи висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи и можност за раст на пензиите. Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 процент. Ќе воведеме и минимална пензија, за ниеден пензионер да не зема помала пензија од 10.700 денари“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека градиме стабилни институции што одговараат на потребите на граѓаните.

„Во услови на здравствено-економска криза, редовно, дури и порано од предвидените рокови се исплаќаат пензиите. Нашиот концепт е сигурност: сигурност на пензиите, сигурност на платите, нови работни места, повеќе инвестиции, повисоки плати. Ние како што знаете, ги покачивме пензиите. Сите пензионери, од јануари земаат повисока пензија за 722 денара, 324.000 пензионери. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Просечната пензија со новото покачување изнесува 15.500 денари“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он