Раководителите на компании во преработувачката индустрија ја оцениле економската состојба на деловните субјекти во август 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и од август 2013, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Оценката, пак, за обемот на производството во август 2014 година е на исто ниво, како и во претходниот месец. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработени се поповолни во однос на претходниот месец.
Во август 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во август годинава се намалени во однос претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2014 година изнесува 61,8 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во август 2014 година имаат недоволната странска побарувачка со 24 проценти недоволната домашна побарувачка со 17.8, неизвесното економско опкружување со 8.5 и финансиските проблеми со 8.4 проценти.