Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Владата на Република Македонија ќе го отвори единаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД.
На состанокот ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија, од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, Герард Кили и Елица Јанакиева, раководителот на Телото за управување со ИПАРД Маргарита Делева, Националниот службеник за авторизација Сузана Стоимчева и директорот на ИПАРД Агенцијата Тони Димовски.
Најавено е присуство и на претставници кои се членови на Комитетот за следење на ИПАРД од Федерација на фармери, Здружението на земјоделци и од владини и невладини институции.