„Сосиете женерал“ забележа загуба во четвртото тримесечие од 2012.

Од:

Банката „Сосиете Женерал“, која е втора по големина во Франција соопшти денеска дека во четвртото тримесечие на минатата година, забележала загуба од 476 милиони евра, јави ДПА.

Наспроти овие податоци банката истиот период во 2011 година евидентираше нето заработувачка од сто милиони евра.

Овие резултатите за работењето на „Сосиете женерал“ се последица на новите правила за долгот, кој ги принуди банките да забележат загуба, доколку вредноста на нивниот долг расте.

„Сосиете Женерал“ е под притисок изминатите години да ја подобри својата финансиска стабилност, откако беше тешко погодена поради влијанието на грчката должничка криза.

МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано