Социјалната помош за мај ќе почне со исплата од втори јуни

Од:

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за мај 2020 година и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.06.2020 година, со препорака до деловните банки да обезбедат достапност на средствата од мајските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 02.06.2020 година.

Меѓу другото, Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со што се овозможи јавните здравствени установи на секундарно и на терцијарно ниво, кои имаат услови во однос на просторот, опремата и кадарот, да вршат здравствени услуги од областа на молекуларната дијагностика во мрежата на здравствени установи со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги во услови на спроведување на мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами