Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија Визер.
Проширувањето на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје, оваа нискобуџетна компанија го најави денеска.
Визер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22 и 28 март.
Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата. Билетите за најновите дестинации на Визер се веќе во продажба и почнуваат од 599 денари.
Визер оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји.
– Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, вели Тамара Мешвениераџе од Визер.
Визер нуди над 390 рути од 22 бази, поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави.