Со грант од преку 700 илјади евра Крушево соработува со Елбасан на промоција на туризмот

Од:

Крушево доби грант од преку 700 илјади евра во рамките на прекуграничната соработка со Албанија. Со општина Елбасан, Албанија и со неколку организации преку овој проект ќе се работи на промоција и одржливост на туризмот преку неколку инфраструктурни зафати и други активности.

Во рамките на проектот, Крушево ќе изгради паркинг до самото параглајдинг-полетувалиште на Мечкин Камен, заедно со хортикултурно уредување. Ова е исполнување на уште едно барање на параглајдеристите по поставувањето на новата вештачка трева и изградбата на објектот на полетувалиштето.

На полетувалиштето ќе бидат поставени и две станици кои ќе го мерат квалитетот на воздухот, како и брзината и насоката на ветрот.

Другите активности кои ќе се реализираат се: „Даунхил“ патеката која ќе овозможи одржување натпревари во планински велосипедизам на високо, професионално ниво; лед-осветлување на Крушево, поконкретно во околината на објектите од областа на културата каде ќе бидат поставени 200 ЛЕД светилки; промотивни активности на двете општини како атрактивни туристички дестинации. Ќе има и обуки и надградување на капацитети на угостителскиот сектор.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, градот има иднина во туризмот.

– Продолжуваме со работа во туризмот. Градиме инфраструктура и меѓународно го промовираме Крушево. Изминатите месеци интензивно работевме на проектот за прекугранична соработка со Албанија и успеавме да го добиеме грантот. Крушево има иднина во туризмот, вели Христоски.

Грантот е дел од „Прекуграничната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, инструмент за претпристапна поддршка од ИПА 2 за приодот од 2018 до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ