СММ: Се вршат непотребни дополнителни психилошки тестови на машиновозачите

Од:

Синдикатот на машиновозачи на Македонија (СММ) при Железници Транспорт денеска соопшти дека упатил барање до министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, како и до Владата, за заштита од, како што наведуваат, непотребните дополнителни психолошки тестови на машиновозачите по секоја сообраќајна несреќа иако тие ги поминале на задолжителните лекарски прегледи.

-Во последно време се јавуваат вонредни настани кои настануваат не по наша вина туку по вина на други субјекти и поради тоа доаѓа до непотребно малтретирање на машинскиот персонал од страна на МВР и или претставници од ЈО. Не носат за крвна анализа и ни прават дополнителни психолошки тестови, а ние веќе имаме извршени лекарски прегледи од страна на стручни лица од ПЗУ Превемед, при што добиените резултати се доставуваат во нашата компанија. Бараме заштита од Ваша страна во овие случаи за да не доаѓа до непотребно малтретирање на машинскиот персонал и непотребни стресови, стои во барањето од Синдикатот.

Од Железници на РСМ Транспорт ад Скопје за МИА изјавија дека се работи на надминување на состојбата преку нивните служби и оти се во комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски