„Slow Wine салон 2021“ денеска и утре во Битола

Од:

Во Битола денеска и утре ќе се одржи настанот „Slow Wine салон 2021“, што има за цел да ги презентира и промовира производителите на вино, кои ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе понудат дегустација на вина.

Ова е трето издание на „Slow Wine салон“, на кое учество ќе земат над 30 производители, пет дестилерии и десет производители на деликатесни производи, што ќе бидат понудени за дегустација.

Винскиот салон денеска ќе се одржи во Киното Манаки, додека утре Офицерскиот дом Битола првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“.

–Придонесот на „Слоу Фуд“ во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина, велат организаторите на настанот.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино