Словенија побара помош од 10 милиони евра од ЕУ

Од:

Словенија, вчера побара помош од Европската Унија, бидејќи поради долготрајната суша, вкупната штета во нејзиното земјоделие се оценува на 60 милиони евра.

Како што изјави за Словенската информативна агенција, државниот секретар во министерството за земјоделие, Бранко Равнич, Словенија очекува за надокнадување на штетата од сушата, од европските фондови за земјоделие и солидарност да и бидат оделени 10 милиони евра.

Тоа се дел од веќе предвидените средства, со кои Словенија ќе биде дел од земјите (Унгарија, Италија, Португалија, Бугарија) кои добиле слична финансиска инекција од ЕУ.

Штетите кои ги трпи земјоделието во Словенија, државата планира да го покрие со средства од државната каса, во облик на помош од буџетските резерви, на основ законот за отстранување на последиците од природните несреќи во земјоделието.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ