Следната недела Вински фестивал на Скопски саем

Од:

Во организација на Скопски саем од 12-ти до 15-ти овој месец ќе се одржи “Вински фестивал 2012“.

Посетителите четири дена ќе имаат можност да дегустираат различни видови вино од македонските визби, но и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите во земјава.

Програмата предвидува попладневни ди-џеј забави од 17 до 21 часот секој ден кои потоа продолжуваат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена, Силви бенд, Сешн селекшн, Жаклина Стефковска, Стринг форсис, Аренси бенд, Нокаут, Скопски чалгии и Кумановски тамбураши со Нино Величковски.

– Задоволни учесници и задоволни посетители е мотото на годинашниот вински фестивал. Ефективниот спој на забавното со корисното посетителите ќе можат да го искусат преку дегустација на повеќе производи и истовремена споредба на квалитетот и вкусот. Ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот ред во служење, правилниот начин на отворање на шишињата, протоколот во винскиот сервис и соодветното комбинирање на одреден тип вино и храната, рече проект-менаџерот Иво Ивановски денеска на прес-конференција.

На Винскиот фестивал 2012, што сите четири дена ќе се одржи во Метрополис арената, се регистрирани 30 учесници, винарски визби и производители на млечни и месни производи. Нивниот асортиман ќе биде достапен за купување на самото место. Цената на билетот за фестивалот е 100 денари, а посетителите со секоја купена влезница добиваат и гратис чаша за вино.

Винскиот фестивал е манифестација што првпат беше организирана минатата година како иновативен концепт кој на сите посетители и љубители на виното треба да им овозможи богато винско искуство со богата музичка програма.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје