Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Од:

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од другите средни и од помалите банки.

Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките, како и преку платните системи каде плаќањата се извршуваат меѓу банките во реално време во текот на денот.

-Банките се повеќе почнуваат да ги нудат бесплатно плаќањата што се иницирани преку електронското и мобилното банкарство и се извршуваат во нивните интерни системи. Забележуваме надолна корекција на висината на надоместоците кај една од банките и кај повлекувањето готовина на шалтерите на банката, како и кај останатите услуги поврзани со плаќања во готовина, преписи на документација и издавање потврди, истакна гувернерот.

Тој најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. На граѓаните же им се овозможи дозволено пречекорување што моментно не е случај, а тие нема да мораат да ги затвораат.

Би можело да ве интересира

Првите ефекти од американските царини по пет-шест месеци, вели гувернерот

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Славески: Создаден простор да се намалат и поедностават надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел