Банкарскиот сектор целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Од:

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.

Како што информира Народната банка (НБ), вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите.

-Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар. Ова општо придонесува за намалување на надоместоците и подобрување на транспарентноста при извршувањето на прекуграничните плаќања, особено за компаниите коишто активно тргуваат со земјите од Европската Унија и со другите земји членки на СЕПА, наведува НБ.

Народната банка напоменува дека во соработка со банките и со другите учесници на пазарот и натаму активно ќе работи на унапредување на платежната инфраструктура и на понатамошно усогласување со европските платежни стандарди. Во наредниот период ќе продолжат активностите насочени кон натамошно проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, заради обезбедување сигурни, ефикасни и современи платежни услуги за граѓаните и за компаниите.

Би можело да ве интересира

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Катерина Ѓуровски

Народна банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста

Славески: Независноста на НБ е клучот за зачувувањето на довербата и финансиската стабилност

А1он

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите

За три месеци надворешниот долг порасна за 742 милиони евра