Од понеделник ќе работи експозитурата на Алта банка во Прилеп

Од:

Од понеделник, 16 ноември, со работа ќе започне и експозитурата на „АЛТА банка“ АД Битола во Прилеп, со што се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите, информира Народната банка.

Во експозитурата клиентите кои имаат платежна сметка, но немаат платежна картичка, ќе можат да подигнат готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

Од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите кои имаат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за оние кои немаат картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали за плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, подигнување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Од Народната банка информираат и дека физичките лица можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги.

За компаниите е овозможена исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, доколку во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка соопшти дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и да презема активности за да им овозможи на клиентите полесен пристап до сопствените средства и непречено користење на платежните услуги.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Хаџи Василева: Ги следиме случувањата околу Алта банка, но за истрага се потребни докази

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка