Слабата економија и глобалните проблеми главни теми во Давос

Од:

Слабата состојба на глобалната економија, постојаните судири во Сирија и нестабилната ситуација по Арапската пролет доминираа во разговорите на годинешниот собир на светската елита во Давос, од кој голем број учесници заминаа несигурни во она што го носи иднината.

– Повеќе од 2.500 светски бизнис и политички лидери се собраа на петдневниот Светски економски форум во швајцарскиот зимски туристички центар, но вообичаениот гламур оваа година го немаше поради сериозните проблеми со кои се соочува светот, нагласи основачот на форумот Клаус Шваб.

Полиитичките и економските теми секоја година се најзастапени во Давос, а овојпат доминираше економијата, со посебен осврт на промовирање на економскиот раст и вработеноста, посебно меѓу младите, кои во светот ги има околу 220 милиони без работа.

ММФ наведува дека Кина, Африка и другите економии во развој би можеле да забележат значителен раст, но дека Јапонија, земјите од еврозоната и САД најверојатно ќе се борат со нискиот или негативен еконосмки раст.

Фондот пред самиот почеток на 43. Форум во Давос ја намали прогнозата на глобалниот економски раст за оваа година на 3,5 отсто.

Иако САД ја избегнаа т.н. „фискална бездна“, а стравувањата околу распадот на еврозоната се намалија, и натаму постои загриженост дека владите би можеле да ги ублажат мерките за штедење, со цел да го поттикнат економскиот раст и да ги намалат долговите.

Шефот на ММФ Кристин Лагард предупреди дека „многу слабото и нестабилно заздравување“ зависи од тоа дали лидерите на еврозоната, САД и Јапонија ќе донесат „правилна одлука“.

– Еврозоната е посебно чувствителна бидејќи е подложна на политички кризи и бавниот процес на одлучување, нагласи Лагард.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Ѓуровски

Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година

А1он

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Ана Ололовска