Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во источна Европа

Од:

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија“, обебзеди мсто меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на прогласувањето на Светските аеродромски награди „Скајтракс 2015“.

На доделувањето на наградите „Скајтракс“ во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги – Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа. Во 10 најдобри се и аеродромите во Будимпешта, Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава и Варна.

– Вбројувањето на Скопскиот аеродром во топ 10 на источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која што на глобално ниво ги истражува, следи и мери реакциите и задоволството на патниците од аеродромите. Оваа награда, како и претходните што две години по ред ги добивме од Меѓународниот совет на аеродроми, е уште еден силен сигнал дека имаме соодветно формулиран пристап во поглед на квалитетот на услугите и визија тие постојано да се подобруваат, а сè со цел нашите редовни корисници, патниците, да можат максимално да уживаат во патувањето, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според официјалната интернет-страна на манифестацијата, за нејзините потреби биле пополнети над 13 милиони прашалници од граѓани од 112 различни националности во периодот од мај 2014 до јануари 2015 година. Истражувањето опфатило 550 аеродроми во светот. Со него биле проверени искуствата на патниците во поглед на аспекти како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба