Скандинавија заинтересирана за македонските вина

Од:

Еден од најголемите добавувачи на вина во Шведска кој е одговорен за цела Скандинавија е заинтересиран за македонските вина, особено за вранецот.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски денеска изјави дека пред два дена македонските вина веќе влегле на листата на овој добавувач.

– Веќе сме влезени на листата на продажба, посебно за виното „вранец“ и очекуваме нарачки кои ќе бидат наменети не само за купувачите од Шведска, туку и од цела Скандинавија. Ова го сметаме за позитивен сигнал и веруваме дека и останатите производители ќе го постигнат овој ефект, истакна Шеќеровски пред денешниот семинар на кој ќе бидат презентирани регулативите за извоз кон Шведска и потребите на скандинавскиот пазар.

Според шведскиот амбасадор Матс Страфансон, потенцијалот за соработка е голем, а македонските производи генерално имаат висок квалитет.

– Шведска е отворен пазар и импортираме многу храна. Македонските компании, особено малите, немаат големо искуство со нашите компании кои се географски одалечени. сепак, има голем потенцијал којшто треба да се искористи во иднина, рече Страфансон.

Трговската размена меѓу Македонија и Шведска во моментот е мала, но во иднина се очекува надминување на негативниот трговски биланс кон оваа скандинавска држава. За таа цел, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во соработка со Шведската амбасада и Open Trade gate Swveden организира во Скопје дводневен семинар на кој присуствуваат 25 македонски компании од прехранбената индустрија кои сакаат да го освојат шведскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

A1on

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино