Синдикатот на „Фени“ се уште чека да заврши стечајот

Од:

Од Синдикатот на „Фени“ во Кавадарци се уште чекаат да заврши стечајот. Во писмената реакција до јавноста, пишуваат дека стечајната постапка се одолговлекла токму поради жалбите што ги поднесувале оние кои ја однеле компанијата во стечај. Во такви услови, работниците наместо да бидат вработени на неопределено време, морале да потпишуваат месечни договори за работа.

-Згора на тоа излегоа информации точно како „Кунико“ го планирале стечајот и како планирале да не остават на цедило, сите доверители и нас вработените. Планирале стечај, го организирале тоа и на крај обвинуваат други за тоа. Избегаа во странство, оставија пустош и пак некој друг им е виновен, наведуваат од Синдикатот.

Оттаму јавно прашуваат, кој има интерес да се одолговлекува стечајот.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он