Синдикатите во МЖ Транспорт бараат поскоро донесување на буџетот

Од:

Неколку синдикални организации во МЖ Транспорт апелираат да се деблокира работата во Собранието и побрзо да се донесе буџетот за 2013 година затоа што неговото недонесување би предизвикало сериозни проблеми во обезбедувањето средства за плата за вработените.

– Во Предлогот на новиот буџет предвидени се средства и за железницата кои Владата ги исплаќа месечно, а се користат согласно законот како компензација за трошокот за услугата од јавен интерес – превоз на патници. Недонесувањето на буџетот ќе направи сериозни проблеми во обезбедување средства за плата во кои влегува и овој буџетски дел, се вели во соопштението потпишано од пет синдикални организации во МЖ Транспорт.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски