Синдикат на УПОЗ: Парцијално зголемување на платите создава револт

Од:

Синдикатот на УПОЗ соопшти дека парцијалното зголемување на платите, предвидено за вработените во образованието, одбраната и здравството, создава револт и незадоволство кај другите дејности во јавниот сектор – јавната администрација, судската и јавнообвинителската служба.

Од министерот за финансии УПОЗ бара итно да се сретне со синдикатите од јавниот сектор за, како што наведува, да се најде општоприфатливо решение за сите вработени во јавниот сектор.

– Без оглед на оправданоста и образложението за зголемување на платите на вработените во овие дејности, за Синдикатот на УПОЗ неприфатливо е ваквото парцијално зголемување, реагира УПОЗ на планираното зголемување на платите во трите сектори кои вчера ги најави Министерството за финансии на презентацијата на Предлог-буџетот за 2018 година.

Од овој синдикат посочуваат дека платите на судската и обвинителската служба не само што не се зголемени во последните години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата.

– Од овие причини во 2016 година имаше штрајк од 60 дена. Слична е состојбата и со вработените во казнено-поправните установи, шумската, затворската и судската полиција, наведува УПОЗ, додавајќи дека платите на административните службеници се регулирани со Закон, а не со колективен договор, со што Синдикатот е оневозможен да преговара со Владата за какво било зголемување.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии