Синдикат на „Еуроникел”: Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај

Од:

Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги добиеме платите за октомври, ноември и декември. Вака изјави денеска за МИА, Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во „Еуроникел индустри”, поранешно „Фени“.

– Нашата агонија трае веќе подолго време. Ги нема веќе странските газди на фабриката. Банка доверител стана сопственик на имотот на компанијата. Печката на комбинатот не е исклучена, таа е се уште во топла состојба, се надеваме дека ќе се најде инвеститор што ќе ни ги скрати маките, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека станува збор на некогашен гигант на кавадаречката и македонската економија, од чија судбина зависат семејствата на околу 800 вработени и многу други соработници.

Би можело да ве интересира

Склучен е договор за продажба на „Еуроникел индустри“, се очекува поранешните вработени да се вратат на работа

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Вработени во „Еуроникел“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката

Работниците на „Еуроникел индустри” бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа

Синдикатот на „Еуроникел” со писмо до Комерцијална банка бара детали за иднината на фабриката

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on