Шведски Вестингхаус ќе ја истражува употребата на алтернативно гориво во бугарската нуклеарка Козлодуј

Од:

Компанијата „Westinghouse Electric Sweden“ ќе ја истражи можноста за употреба на алтернативен вид нуклеарно гориво во Петиот блок на бугарската атомска централа „Козлодуј“.

Премиерот Бојко Борисов за потпишаниот договор меѓу двете компании кажа дека е уште еден чекор кон диверзификација на енергијата и додаде дека потпишувањето на договорот со „Вестингхаус Електрик Шведска“ денеска е уште еден чекор за диверзификација на Бугарија.

Премиерот учествуваше на церемонијата на потпишување на договорот меѓу АЕЦ „Козлодуј“ и „Вестингхаус Електрик Шведска“ за развој на безбедносните анализи за лиценцирање и имплементација на алтернативен вид нуклеарно гориво за Блокот 5 на нуклеарната централа во Бугарија. Договорот означува почеток на втората фаза од процесот на лиценцирање на нуклеарното гориво за Блокот 5 на АЕЦ „Козлодуј“ во спроведувањето на програмата за диверзификација на снабдувањето со свежо нуклеарно гориво.

„Постапката за лиценцирање на алтернативно нуклеарно гориво во нашата земја се спроведува со заедничка работа на експерти со докажано искуство во областа на нуклеарната енергија од Бугарија, САД и Шведска“, соопшти владината прес-служба.

За време на церемонијата, премиерот Бојко Борисов ја истакна геостратешката важност на тоа што Бугарија го прави во моментов за да ја заштити својата национална безбедност, нагласувајќи дека диверзификацијата е суштински елемент.

-Започнавме со диверзификација на нашиот борбен авион, со новиот авион „Ф16 блок 70“. Завршивме со набавката на 20 отсто од вредноста на терминалот за течен гас во Александрополис и ја финансиравме изградбата на интерконекторот со Грција, што ќе биде готов годинава. Во рамките на иницијативата „Три мориња “, постигнуваме многу брз напредок во проширувањето на просторот за складирање на гасот „Кирен “, што, заедно со гасната врска со Грција, ќе обезбеди снабдување и складирање на течен природен гас, рече премиерот.

На темата нуклеарна енергија, премиерот додаде и дека изградбата на 7-ми и 8-ми реактор во нуклеарната централа „Козлодуј“ е исклучително важна за Бугарија, бидејќи земјата инсистира на нуклеарната енергија, која е вклучена во Зелениот договор на ЕУ и има искуство во оваа област.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски