Швајцарскиот франк, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот

Од:

Франкот, јенот и данската круна се најстбилните валути во светот и не им се заканува девалвација, изјави Михаил Шулгин, шеф на глобалното истражување во рускиот Откритие инвестментс.

Американскиот долар останува доминантна резервна валута. Од почетокот на 1970-тите, индексот на доларот во однос на кошницата на главни валути ретко се зголемуваше или опаѓаше за повеќе од 10 проценти на крајот на годината.

Само во седум случаи годишниот пад надмина 10 отсто, а во осум случаи растот за годината надмина 10 отсто. Во 21 век, индексот на доларот излегува од колосек од + 10% до -10% само четири пати: во 2002, 2003, 2005 година во 2014 година, прецизираше аналитичарот.

– Ако девалвацијата се однесува на девалвација на валутата во однос на доларот, која беше и остана најпопуларна резервна валута, тогаш, како што покажува историјата, од 1970-тите, швајцарскиот франк, јапонскиот јен и данската круна се најотпорни на девалвација. – објасни Шулгин.

Историските проценки за промените на доларот во однос на франкот, јенот и данската круна покажуваат дека депресијацијата на овие валути значително се намалила од почетокот на 2000-тите, рече финанскиот аналитичар.

Би можело да ве интересира

Доларот најсилен во изминатите 20 години

Ана Ололовска

Американскиот долар на највисоко ниво во изминатите пет години

Ана Ололовска

Вредноста на доларот со благ пад на девизните пазари

Ана Ололовска

Биткоин сега вреди најмногу откако е создаден, се менува за близу 23.000 долари

Ана Ололовска

Биткоинот падна на десетдневниот минимум, повлече и други крипто валути

Ана Ололовска

Биткоинот го собори овогодинешниот рекорд

Ана Ололовска