Швајцарија очекува инфлација од три отсто

Од:

Швајцарската влада денеска значително ги намали прогнозите за раст за оваа и следната година, укажувајќи на зголемениот ризик од „напната енергетска ситуација и нагло зголемување на цените“.

Владата во Берн сега очекува економијата да порасне за два отсто оваа година, наместо 2,6 отсто што ги предвидуваа во јуни.

За 2023 година предвидуваат раст од 1,1 отсто, намалувајќи ја јунската прогноза за 0,6 процентни поени. Бројките не го вклучуваат влијанието на спортските настани, се посочува во соопштението од Министерството за економија (СЕКО).

„По позитивната прва половина од 2022 година, изгледите за швајцарската економија сега се влошуваат“, заклучуваат тие.

„Напнатата енергетска ситуација и наглото зголемување на цените ги оптоваруваат економските изгледи, особено во Европа“, објаснува СЕКО.

Истовремено ја зголемија и прогнозата за инфлацијата која годинава треба да достигне три проценти, а следната година да се спушти на 2,3 проценти. Во јуни прогнозираат инфлација од 2,5 отсто годинава и 1,4 отсто следната година.

Швајцарската економија е помалку зависна од рускиот гас, има значително пониска инфлација од еврозоната и е меѓу најробусните во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Заемот од централната банка од 50 милијарди франци ги зголеми акциите на Credit Suisse за 30 отсто

Горан Наумовски

Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година

Ана Ололовска