Шулц се заложи за зачувување на интегритетот на еврозоната

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, осврнувајќи се на грчката криза и денешниот самит на Еврогупата во Брисел, оцени дека оваа криза е истовремено и политичка и економска, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

– Тоа е истовремено и политичка и економска криза. Не треба да се потцени фактот дека еден народ рече „не“. Тоа е сериозно и треба да се размисли. Има многу објаснувања. Едното е дека страдањето стана непoднoсливо за извесен број на Грци, па затоа треба да се води сметка за тоа, нагласи Шулц, како одговор на прашањето дали десните влади од Европа сакаат да турнат од власт една Влада составена од екстремната левица.

Тој притоа нагласи дека за оваа криза треба да се најде решение и отстапките треба да дојдат од двете страни.

– Повторувам, на кризата и е потребно решение. Решението не е конфронтација, туку приближување меѓу двете страни. Двете страни треба да се придвижат, рече претседателот на ЕП.

Шулц нагласи дека сега ги очекува предлозите од страна на грчката Влада по одбиените предлози на 18-мината од страна на Владата, а потоа и од грчкиот народ.

– Мојата лична позиција е многу јасна. Јас сум за зачувување на интегритетот на еврозоната. Тие кои ќе се обидат да ја поткопаат еврозоната прават грешка, заврши Шулц.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Еврокомисија: Намалување на потрошувачката на струја и дополнително оданочување на енергетскиот сектор

Ана Ололовска

ЕК со свој придонес за претстојниот министерски совет на ЕУ за енергија

Ана Ололовска

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он